Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лион и Барселона заврши спротивно од очекувањата – без погодоци.
Шпанскиот шампион стигна како фаворит во Франција и се обидуваше да го наметне својот ритам од почетокот на натпреварот, а во корист им одеше и тоа што Лион играше без еден од своите најдобри играчи Набил Фекир.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На двете страни видовме одлични претстави на голманите, а најголемо внимание привлече одбраната на Тер Штеген (погледнете ја тука). Луис Суарез на другата страна Суарез промаши неколку чисти шанси и се претвори во трагичар на натпреварот.
Уругваецот цела сезона игра во лоша форма, но во Лион беше очаен…Со исклучок на неколку додавања, упропасти одлични прилики, а на крајот и се избламира во свој стил – со симулирање.
Во еден дуел со капитенот на домаќините Марсело, Суарез топката го погоди во глава. Оваа ситуација Уругваецот сакаше да ја искористи и театрално падна и се обидуваше да одглуми прекршок.
Треба да се истакне и дека во вчерашниот натпревар Суарез продолжи и една катастрофална црна серија на гостувањата во Лигата на шампионите.
Последниот гол Суарез на едно гостување во Лигата на шампионите го постигнал уште во 2015 година во натпреварот против Рома. Дури 25 часа, односно 1500 минути не се израдувал кога Барселона играла како гостин. Изминатите 16 натпревари не постигнал гол.