Барселона веќе ја започна потрагата по наследник на Луис Суарез, иако Уругваецот би можел да одигра уште барем две сезони на највисоко ниво.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму тој период Каталонците сакаат да го искористат за доведување на врвен напаѓач, кој ќе може да го замени Суарез.
„Веќе имам 31 година и за мене е нормален фактот Барселона да бара нова деветка. Сите ние имаме рок на траење“, искрен беше Суарез.
Прва желба на Барса е Хари Кејн, но неговото доаѓање е преголем финансиски залак за клубот, па на списокот на Каталонците се уште Криштоф Пијатек и Андре Силва.
Суарез пристигна на „Камп Ноу“ во 2014 година и до денес за каталонскиот гигант одигра 200 официјални натпревари.