Луис Суарез ја донесе Барселона до победа во синоќешниот натпревар против Интер во ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот Уругваец постигна два прекрасни погодоци за победа на својот тим, а после натпреварот свој коментар пред новинарите даде тимскиот колега, голманот Тер Штеген.
Германецот го пофали искусниот напаѓач, а со неговите зборови го привлече вниманието во спортската јавност.
„Суарез со овој настап ги затвори устите на многумина.“ – изјави Тер Штеген и додаде:
„Секогаш беше максимално фокусиран и даваше се од себе. Знаевме кој игра во нападот, тој секогаш е тука да постигне погодок кога е најпотребно.“
Од друга страна во Интер не се задоволни од одлуките на судијата и според нив тој е виновникот за поразот на Камп Ноу.
Нероаѕурите после две кола имаат само еден бод, а наредниот натпревар го играат против Дортмунд.