Дома Фудбал Лига на шампиони Суарез го реши дербито на вечерта, Ливерпул победи со голеада на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Суарез го реши дербито на вечерта, Ливерпул победи со голеада на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона во дербито на вечерта на свој терен го победија Интер со 2:1.

Интер одлично го отвори натпреварот против Каталонците и стигна до водство уште во третата минута. Санчез го проигра Лаутаро Мартинез кој одлично се снаје и погоди за 0:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона имаше иницијатива после примениот гол и се закани преку Бускетс и Гризман, но голови немаше. Интер имаше неколку неверојатна шанса преку една контра на Сенси и Лаутаро, но Тер Штеген со фантастична одбрана ја спаси Барса.

Во второто полувреме Барселона тргна по изедначување. После големиот притисок одбраната на Интер капитулираше во 58-та минута. Видал асистираше, а Суарез со одличен волеј погоди за 1:1.

Продолжи Барселона да напаѓа, меѓутоа тешко Каталонците доаѓаа до 100% шанса. Така беше се до финишот од натпреварот кога Лео Меси имаше еден продор после кој додаде до Суарез кој со својот втор гол ги постави конечните 2:1.

Вистинска голеада видовме на „Енфилд“ каде што Ливерпул со 4:3 беше подобар од Салзбург.

Ливерпул започна фуриозно и до 36-тата минута преку Мане, Робертсон и Салах веќе водеше 3:0. Три минути подоцна Салзбург намали на 3:1 преку Хванг Хе-Чан. Со 3:1 се замина на полувреме.

Салзбург во второто полувреме преку Минамино и Холанд успеа да стигне до 3:3!

Сепак, Ливерпул не дозволи некое чудо, Салах во 69-тата минута погоди за 4:3.

Останати резултати:

Валенсија – Ајакс 0:3

Зенит – Бенфика 3:1

Лајпциг – Лион 0:2

Лил – Челзи 1:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона не се откажува од ѕвездата на Баерн

Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона. К…