Дома Фудбал Суарез го открива деталот со кој Меси го одлучи натпреварот

Суарез го открива деталот со кој Меси го одлучи натпреварот

Иако одигра тактички совршен натпревар, Челзи против Барселона во првиот натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одигра само 1:1.

Домаќините поведоа со голот на Вилијан во 62 минута, а изедначи Меси 13 минути подоцна. Неговиот соиграч Луис Суарез кој не постигнал гол во Лигата на шампионите 881 минута, откри клучен детал кој веројатно го одлучи натпреварот.

„Меси беше видно лут што не можеше ништо да направи. Во ваквите натпревари мораш да бидеш паметен, а он секако е таков. Знаеше дека стои преблиску до мене и дека во таа ситуација си пречиме еден на друг, па ми кажа дека ќе ја промени позицијата и ќе се премести малку пониско, кон средината со цел да добие поголем простор. Тоа се покажа како одличен потег“, изјави Суарез после натпреварот.

Реваншот на „Ноу Камп“ е закажан за 14 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џилберти од Наполи меѓу 22-та повикани за двата теста со Србија

Македонската селекција до 15 години ќе ја пречека Србија на 24 и 26 ноември во Скопје. Сел…