Дома Македонски спорт Струмичанец трчаше и возеше велосипед осум часа во чест на фудбалската легенда Благој Истатов!

Струмичанец трчаше и возеше велосипед осум часа во чест на фудбалската легенда Благој Истатов!

Цели осум часа ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев трчаше и возеше велосипед за фудбалската легенда Благој Истатов кој пред три години почина на 71 годишна возраст.

Својата рута Ѓорѓиев ја започна од Струмица и трчаше 10 километри до населеното место Владевци. Првата делница ја истрча за 43 минути по што продолжи со велосипед кон Радовиш, Неготино а од таму кон Гевгелија.  Ова делница Ѓорѓиев ја заврши за четири часа и некоја минута а последните 30 километри од Удово до Дојран  повторно ги трчаше кој успеа да ги совлада за точно три часа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


,Најтешко ми беше на самиот крај од дуатлонот, односно последните неколку километри кон хотелот Истатов во Дојран кога го видов езерото. Почуствував мали потешкотии односно грчеви во пределот на нозете но помислата дека тоа го правам за Истатов ми даде некоја сила. Во тие моменти како повторно да ги слушав неговите совети кога беше жив дека во спортот нема откажување,, изјави Николчо Ѓорѓиев за порталот „Дрнка.мк“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…