Дома Македонски спорт Струга денес игра за историска европска есен!

Струга денес игра за историска европска есен!

Тимот на Струга Трим Лум денес го игра првиот натпревар од двомечот за влез во групната фаза од Конференциската лига.

За Струга ова е прв плеј-оф за влез во едно европско натпреварување и голема шанса со противник како исландски Бреидаблик да се избори за историска есен во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешниот натпревар македонскиот шампион ќе биде без услугите на напаѓачот Марјан Радески, но и на клупата нема да биде Шпетим Дуро.

„Секако, сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа е што е, и мора да ја прифатам. Мислам дека тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена.

Тоа што го направи Стурга досега е неверојатно достигнување, да се игра во плејоф. Изненадувачки е, но целосно заслужено. Тимот даде максимум на сите шест европски меча досега. Сега имаме уште два меча до групната фаза, ќе го дадеме најдоброто за да се подготвиме и да одиграме на највиско ниво за да се пласираме таму“, изјави Дуро пред денешната сребда.

Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток до 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…