Дома Фудбал Италија Строгите правила на Берлускони: Монца ќе биде поинаков клуб од сите останати!

Строгите правила на Берлускони: Монца ќе биде поинаков клуб од сите останати!

berlusconi

Неодамна поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони се врати во фудбалот купувајќи го тимот на Монца.

Сега Берлускони ја даде и првата изјава како претседател на Монца и најави дека нема да гради нов гигант, туку сака да направи клуб кој ќе биде поинаков од останатите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што самиот истакна во неговиот клуб нема да може да играат играчи со тетоважи, бради и чудни фризури. Ова навистина е интересна стратегија на Берлускони ако се знае дека веројатно во секој клуб денес има барем еден-двајца играчи кои не ги почитуваат таквите „правила“.

Нагласи и дека и дека ќе работи исклучиво си Италијанци.

„Ќе имаме тим со млади играч и исклучиво Италијанци. Најдовме фризер во градот и фризурата на на сите играчи ќе мора да биде нормална. Ниту еден мој играч нема да има брада или тетоважа, забренети ќе бидат и обетките. Монца ќе биде пример за фер-плеј на теренот, противникот ќе добива извинување за секој прекршок, никој нема да смее да го навреди судијата како и да суди. Кога навивачите ќе ги запрат за автограм, фудбалерите ќе бидат должни да го запишат целото свое име и презиме, облеката во секое време мора да биде соодветна“, гласеше првата изјава на Берлускони.

Глдајќи го модерниот фудбал, ова ќе биде навистина тешка мисија за Берлускони, но би било навистина убаво доколку му успее.

Ќе потсетиме на Берлускони во работата ќе му помага и неговиот долгогодишен соработник од Милан, Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …