Дома Фудбал Лига на шампиони Стрелците заспани: Вечерва во Лигата на шампионите изостана она за што фудбалот се игра – головите! (ВИДЕО)

Стрелците заспани: Вечерва во Лигата на шампионите изостана она за што фудбалот се игра – головите! (ВИДЕО)

Баерн и Лион на крај ќе бидат задоволни од исходот.

Вечерва беа одиграни два натпревари осминафиналето во Лигата на шампионите.р


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ливерпул на свој терен одигра без голови против екипата на Баерн Минхен.

Англичаните тргнаа добро и беа на чекор од водство преку Салах, за Баерн во продолжениe да биде блиску до погодок кога Матип го погоди Алисон.

„Црвените“ го засилуваа ритамот и полека ја превземаа теренската иницијатива, а најдобрата прилика ја имаа во првото полувреме кога Мане беше во 100% шанса.
Можеше Матип да ја погоди и противничката мрежа, но не успеаа одличната тимска акција да ја круниса со погодок.

https://youtu.be/pYuLJOv2h4s

Во второто полувреме следуваше помирен ритам, освен обидите на Гнабри и Мане во финишот практично не се случуваше ништо сериозно.

Натпревар без голови видовме и во Лион каде што гостуваше Барселона.

Веднаш на почетокот се обиде Меси, а одлична прилика имаше и Териер, но неговиот удар после интервенцијата на Тер Штеген заврши во пречката.

Повторно се обиде Меси, па потоа повторно Териер, но тоа беше се од првото полувреме на „Жерлан“.

После нешто побавниот почеток на натпреварот следуваше вистинска опсада кон голот на „Лавовите“ во период од 10 минути кон голот на Лопез опасни беа Суарез, Алба и Бускетс.

Тргнаа Каталонците во напад до крајот на натпреварот, но промена на резултатот немаше.

Реваншит се играат на 13-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…