Дома Фудбал Страшни бројки: Халанд во Лигата на шампионите има повеќе голови од настапи

Страшни бројки: Халанд во Лигата на шампионите има повеќе голови од настапи

Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите Манчестер Сити славеше победа против Слован Братислава со убедливи 0:4, а во овој натпревар стрелец беше и Ерлинг Халанд.

Норвежанецот со погодокот стигна до својот 42 гол во најелитното европско натпреварување и до оваа бројка успеа да дојде во 41 натпревар. Така може да се заклучи дека има повеќе голови од настапи.

До ваков учинок Халанд стигна со настапите и во Салзбург и Борусија Дортмунд каде што играше пред да потпише за Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…