Дома Топ вести СТРАШЕН ТОТЕНХЕМ: Погледнете како ќе изгледа Тотенхем следната сезона со новите засилувања

СТРАШЕН ТОТЕНХЕМ: Погледнете како ќе изгледа Тотенхем следната сезона со новите засилувања

Маурисио Покетино сака уште посилен Тотенхем следната сезона, а со овие засилувања, Тотенхем сигурно дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на Премиер лигата.

Чекор по чекор, Тотенхем е се поблиску до шампионската титула во Англија, но таа е уште подалеку доколку ја погледнеме силата на останатите тимови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа сезона стигнаа до второто место, следната сезона би можела да биде сезона во која ќе ја нападне титулата, доколку ја земеме во предвид зрелоста на составот, но и засилувањата кои Покетино планира да ги доведе.

Прв ќе си замине Муса Сисоко кој тотално разочара, постојат понуди за него, најверојатно Тотенхем ќе прифати да го продаде по многу пониска цена од онаа која го купи, а го купи за 30 милиони фунти од Њукасл.

Кајл Вокер е на чекор од потпишување договор со Манчестер Сити, ќе видиме што ќе се случи со него во следниот период.

На негово место би можел да стигне Адам Смит, фудбалерот на Борнмаут кој зад зебе има одлична сезона. Тој е еден од оние кои се на самиот врв од листата на желби на Маурисио Покетино.

Рос Баркли од Евертон е следната цел, фудбалерот на Евертон од самиот старт на кариерата би можел конечно да ја промени средината и да заигра за Тотенхем. Сепак, неговата вредност не е мала, тоа добро го знае Покетино, а се ќе зависи од парите што Спарсите ќе ги добијат од продажбата на двајцата споменати фудбалери.

Следниот на листата е Томас Лемар, фудбалерот на Монако кој оваа сезона воодушеви во дресот на „Кнежевите“. Беше одличен на средината и по левата страна, а добро би му дошол на Покетино во ротација за следната сезона. Во формацијата 4-2-3-1 би бил одличен за лев офанзивен играч.

Рајан Сесењо, момчето од Фулам кое има само 17 години најверојатно ќе биде засилување на Тотенхем и тој во следните неколку години би требало да добие место во првиот состав, но не веднаш.

Последен на листата е Хари Мегваер, дефанзивецот на Хал, кој исто така би бил одлично засилување за ротацијата на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ројс купи пиво за 80.000 фанови: Последната тура е моја🎥

Борусија Дортмунд се раздели со Марко Ројс, кој го одигра последниот меч на домашен терен …