Дома Фудбал Англија Страв и ужас: Играчите плачеа по тешката повреда на играчот на Евертон (ВИДЕО)

Страв и ужас: Играчите плачеа по тешката повреда на играчот на Евертон (ВИДЕО)

Ужасни сцени се забележани денес на мечот помеѓу Евертон и ВБА во мечот од 24. коло во англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот за врска на Карамелите, Џејмс Мекартни доживеа стравична повреда по дуелот со противничкиот напаѓач, Саломон Рондон.

Несреќниот фудбалер на Евертон ја постави ногата и Рондон наместо топката го шутна него, а ударот беше толку силен што ја искрши ногава на играчот за врска на домашниот тим.

Сите во неверување гледаа што се случува. Меккартни доби веднаш помош на теренот, Рондон, но и останатите плачеа, а на несреќниот фудбалер сега му следува повеќемесечна рехабилитација.

По мечот, Сем Алардајс потврди дека се работи за двократна фрактура на ногата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…