Дома Фудбал Останато Стравува и Пеп, ФИФА започнува истрага и против „граѓаните!

Стравува и Пеп, ФИФА започнува истрага и против „граѓаните!

guardiola

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека ФИФА започна истрага против Челзи, а од денес може да стравува и Пеп Гвардиола.

Дали во Сити знаеа за оваа закана?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што кажавме ФИФА започна истрага против Челзи поради сомневање за неправилности при трансферите на младите фудбалери и тоа би можело да резултира со суспензија во еден или повеќе преодни рокови, а сега под „лупа“ е и Сити.

Се работи за трансферот на младиот Аргентинец, Бенџамин Гере од Велез. Тој има 16 години, веќе забележа настапи за младинските категории на „граѓаните“, иако Аргентинците го доставија спорот пред меѓунардниот суд за арбитража.

Во тој момент ФИФА донесе одлука, Сити да биде ослободен од обвиненијата, но спорото во Лозана сеуште е во тек. Дали се појавија нови детали во случајот или пак се работи за нешто друго останува да видиме.

Да потсетиме, Сити веќе е казнет поради обидот да доведе двајца млади фудбалери во академијата, тие добија казна од 300.00 фунти и забрана за доведување фудбалери во академијата.

Но, кога ФИФА ќе ја превземе работата, тоа значи дека е нешто сериозно и казната вообичаено е забрана за трансфери. Во Англија сметаат дека Сити сепак бил запознаен и токму поради тоа ова лето потрошија преку 280 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…