Дома Трансфер зона Стоперот побарал трансфер: Сакам во Манчестер Јунајтед!

Стоперот побарал трансфер: Сакам во Манчестер Јунајтед!

Хари Мегваер може да биде една од ѕвездите на овој преоден рок во Англија.

Мегваер е голема желба на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити и според англиските медиуми тој нема намера да остане помеѓу „лисиците“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатото лето после одличните настапи на Светското првенство не направи трансфер и таа грешка не сака да ја повтори ова лето.

Мегваер тогаш беше блиску до преминувањер во Манчестер Јунајтед, а после претходното искуство сега јасно им кажал дека сака да премине во клубот од „Олд Трафорд“.

Останува да се види дали Лестер ќе даде зелено светло за реализација на трансферот бидејќи ризикуваат во тимот да имаат незадоволен играч.

Според некои извори за 26 годишниот стопер „црвените ѓаволи“ за неговите услуги ќе треба да платат 80 милиони евра.

Јунајтед во овој преоден рок досега го ангажираше Арон Ван Бисака за кого плати 55.7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…