Дома Топ вести Стоперот на Арсенал отворен за преселба во Реал

Стоперот на Арсенал отворен за преселба во Реал

Реал Мадрид има сериозни проблеми со повредени фудбалери и примарна цел во јануари ќе биде засилување на одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Давид Алаба, Хезус Ваљехо, Дани Карвахал и Едер Милитао се мачат со повреди, па „кралскиот“ клуб сака во јануари да донесе врвен дефанзивец.

Според францускиот „Le 10 Sport“, Реал Мадрид го означил стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба како примарна трансфер цел.

Салиба веќе две сезони игра фантастично во дресот на Арсенал и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.

Французинот е отворен за преселба во Реал Мадрид, а „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…