Дома Македонски спорт Столе убедливо победи: Тој е најпопуларниот капитен во Европа! (ФОТО)

Столе убедливо победи: Тој е најпопуларниот капитен во Европа! (ФОТО)

Пред почетокот продолжението од Лигата на шампионите, ЕХФ направи анкета во која победа однесе нашиот Стојанче Стоилов.

Ова секако е големо признание за популарноста која Столе ја ужива не само во Македонија туку и во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Столе го победи Шпанецот Виктор Томас кој е капитен на Барселона.

Победата не беше тесна, туку Столе го „прегази“ Шпанецот со освоени 64% од гласовите, Томас освои 36%. Ова значи дека македонскиот ракометар имал повеќе од 5.000 гласови во однос на Шпанецот.

Првиот натпревар во вториот дел од Лигата на шампионите Вардар го игра во среда кога ќе гостува кај тимот на Рајн Некар Левен.

Во првиот дел од сезоната Вардар заврши на второто место во групата со 13 освоени бодови, зад Барселона која има 18, Рајн Некар е две позиции под црвно-црните со еден бод помалку.

Натпреварот помеѓу Вардар и Рајн Некар се игра во терминот од 19:00 часот.

https://www.facebook.com/ehf.champions.league/posts/10156272351408666

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…