Дома Фудбал Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано доби нов тренер

Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано доби нов тренер

Рајо Ваљекано во последните два месеци е во лоша форма, а кога на тимот не му оди најчесто цената ја плаќа тренерот.

Досегашниот тренер на тимот за кој брани нашиот Столе Димитриевски, Мичел заработи отказ откако тимот загуби на седум последователни натпревари. На тренерското столче Мичел ќе биде наследен од Пако Хименез.

Многумина ќе кажат и дека оваа одлука на раководството на Рајо е задоцената. Овој тим веќе заостанува шест бода во одност на тимовите кои се во сигурната зона.

Пако Хименез тренер на Рајо беше од 2012 до 2016 година, а потоа ги предводеше Гранада, Круз Азул и Лас Палмас. Хименез со Рајо потпиша договор до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутер ги изненади фудбалските фанови пред почетокот на Лигата на шампионите! Погледнете кој е фаворит за освојување на елитното натпреварување!

Нова сезона на Лигата на шампионите официјално започнува денеска, а познатиот суперкомпјут…