Дома Фудбал Стоичков: Не ми е јасно како Лапорта толку брзо го смени мислењето за Чави

Стоичков: Не ми е јасно како Лапорта толку брзо го смени мислењето за Чави

Барселона вечерва игра против Динамо Киев на гостински терен во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците немаат право на кикс доколку сакаат да играат во нокаут фазата на ова натпреварување, но јасно е дека во Киев нема да им биде лесно. Вечерва Барселона од клупата ќе ја води Серхи Барухан кој е назначен за привремен тренер.

Во наредните денови во Барселона се очекува пристигнување на Чави. Според најавите тој ќе го напушти катарскиот Ал-Сад и ќе ја преземе Барселона. На легендата на Барселона, Христо Стоичков не му е јасно како се променило мислењето на Лапорта за Чави во така краток период.

„Пред четири месеци Лапорта изјави дека Чави се уште е „зелен“ за Барселона и дека не е спремен. Меѓутоа сега само четири месеци подоцна смета дека Чави може да ја врати Барселона на победничките патеки. Не ми е јасно како толку брзо го смени мислењето“, изјави Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…