Веќе неколку дена во медиумите главна тема е можното заминување на Лионел Меси од редовите на Барселона.
За целата ситуација сега зборуваше легендарниот Христо Стоичков.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Барселона во овие моменти брише мит и му дава клоца на најдобриот играч во историјата на овој тим. Го уништува неговото име и харизма. Оваа управа уништи навистина многу, се обидуваа и фановите да ги свртат против играчите. Секој навивач на Барселона го боли кога гледа што се случува во клубот“, изјави Стоичков.
Кога е заминувањето на Меси во прашање се чека Аргентинецот овие денови и самиот да се огласи во јавноста после што работите ќе бидат појасни.