Обамејанг во последниот ден од преодниот рок направи голем трансфер од Борусија Дортмунд во Арсенал, вреден 63.7 милиони евра.
На својот прв натпревар за Топџиите, Габонецот се запиша во листата на стрелци во победата со 5-1 против Евертон и со тоа покажа дека претставува големо засилување за екипата на Арсен Венгер, но има и некои што мислат дека погрешил со овој трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првите критики за Обамејанг стигнаа од Илкај Гундоган, неговиот порнешен соиграч од Борусија Дортмунд а денеска фудбалер на Манчестер Сити, кој изјави дека Обамејанг не требаше да го напушти германскиот клуб во сред сезона.
„Обамејанг погреши што замина од Дортмунд на полусезона. Не сум сигурен дали би постапил како него, иако и јас бев на мета на критики на навивачите кога го напуштив Дортмунд. Сепак, јас тоа делумно го разбирам.“ – започна Гундоган и продолжи:
„Борусија изгуби навистина добар играч, а мислам дека неговото заминување претставува загуба и за Бундеслигата како лига во целина. Штета е што со клубот се раздели на малку грд начин, а веројатно и на него не му било лесно од ден во ден да чита негативни работи. Мислам дека тоа го запираше во добрите намери. “
„Се надевам дека Борусија и без Обамејанг ќе биде силна. Посакувам да се пласираат во Лига на шампиони, им држам среќа.“ – заклучи Гундоган.
Гундоган ја напушти Борусија во летото 2016. година кога за 27 милиони евра премина во Сити, со кој потпиша договор до 2020. година.