Дома Фудбал Италија Стигна и потврда: Милан и Интер започнуваат со изградба на заеднички стадион!

Стигна и потврда: Милан и Интер започнуваат со изградба на заеднички стадион!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес е и официјално потврдено. Милан и Интер направија заеднички проект за изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов за сезоната 2022/23.

Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чекаше само зелено светло од раководството на Интер кое пристигна денес.

„Новиот стадион е приоритет за нашиот клуб, како и за Милан. Се согласивме со предлогот на Милан за заеднички стадион, бидејќи сметаме дека тоа е најдоброто решени“, изјавија директорите на Интер.

Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 600.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од нешто повеќе од 60.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, на местото каде што сега има паркинг.

Интересно, веднаш после изградбата на новиот стадион донесена е одлука „Сан Сиро“ да биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.

„Република“ пренесува дека стадионот во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Милан и Интер играат на стадионот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на општината и плаќаат кирија, па поради тоа имаат и мала заработка. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба годишно од стадионот заработуваат по околу 30 милиони евра, а проценките се дека со новиот стадион ќе заработуваат по 70 до 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конате е сигурен за Реал Мадрид, убедени се во шпанската престолнина

Се очекува Ибрахима Конате, да пристигне во Реал Мадрид како слободен агент, повторно изве…