Веќе подолго време медиумите во Шпанија шпекулираат дека на крајот на сезоната ѕвездата на Атлетико, Антоан Гризман може да се пресели во Барселона.
Гризман ја игра последната сезона во Атлетико Мадрид, во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, а голем број на европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега стигна и потврда директно од „Камп Ноу“, директорот на Каталонците, Гилерме Амор потврди дека трансферот на Французинот во Барселона е возможен.
„Дали е реален трансферот на Гризман во Барселона? Да, и тоа како е возможен“, јасен беше Амор.
Барселона следниот викенд ќе му гостува на Реал Мадрид во големото „Ел Класико“.
„Разликата во однос на Реал не радува. Во моментов имаше 11 бода повеќе, но останатите тимови ни дишат во врат. Одиме по победа во Мадрид“, истакна Амор.