Дома Останати Кошарка НБА Стеф Кари потпишува договор вреден 215 милиони долари!

Стеф Кари потпишува договор вреден 215 милиони долари!

Eдна од најголемите НБА ѕвезди Стеф Кари е пред потпис на нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Американските медиуми пишуваат дека набрзо се ќе биде потврдено и Кари ќе потпише четиригодишен договор со Голден Стејт вреден 215 милиони долари.

Секако дека се работи за еден неверојатен договор, но се работи и за еден од најдобрите шутери во историјата и трикратен освојувач на НБА прстенот.

Кари ќе стане првиот играч во историјата на лигата кој потпишал два договори со вредност над 200 милиони долари. Тој веќе влезе во последната сезона од договорот која му носи 45.78 милиони долари, а Вориорси повторно ќе го наградат со максимален договор.

Ѕвездата на Голден Стејт беше драфтуван како седми избор во 2009 година, сите 12 сезони ги помина во Вориорси.

Два пати во кариерата беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната, а во минатата во која Вориорси не влегоа во плеј-офот беше најдобар стрелец на лигата со 32 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…