Стефан Колоски ја засили левата бековска позиција на Голден Арт КЛ7
Стефан Колоски е нов играч на младиот тим на Голден Арт КЛ7. 24 годишниот Стружанец доаѓа во Голден Арт КЛ7 од екипата на ГРК Тиквеш, за да ја пополни левата бековска позиција и да ја зацврсти одбраната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно во својата кариера Колоски има настапувано и за Струга, Работнички и Јуниор КВ.
“Драго ми е што сум дел од ваков проект насочен кон вложување во македонски ракометари. Можноста да тренирам во висок ритам, да добијам шанса и минутажа беа клучни за мојата одлука да пристапам на Голден Арт КЛ7. Стабилноста на функционирање на клубот ми е добро позната и можам да кажам дека сум одлично примен” – изјави Стефан после неколку тренинзи во новиот клуб.