Дома Фудбал Останато Стерлинг го откри неговиот идол: Го имам изгледано секој негов клип на интернет

Стерлинг го откри неговиот идол: Го имам изгледано секој негов клип на интернет

Крилниот фудбалер на Манчестер Рахим Стерлинг истакна дека дресот на Лионел Меси е единствен кој му недостасува во неговата колекција, но зборуваше и за Роналдињо кој е негов фудбалски идол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стерлинг има голем број дресови од ривалите против кои играл. Ги чува својот дом и го чека крајот на кариерата за да ги изложи.

Во овој момент на Стерлинг му недостасува само дресот од ѕвездата на Барселона.

„Постои само уште еден дрес кој би сакал да го имам, тоа е оној на Меси. Кога игравме со Барселона го добив на Нејмар. Тоа беше првиот кој го побарав. Кога ќе ја завршам кариерата ќе ги изолжам оние кои ми се најдраги во собата со трофеи“.

Одличниот крилен фудбалер додава дека на почетокот на кариерата пример му бил Роналдињо.

„Роналдињо беше тој. Ако ја погледнете мојата историја што сум пребарувал на интернет ќе ви биде јасно дека сум го изгледал секој негов клип. Се обидувам да го имитирам тоаш то тој го правеше. Беше посебен“, изјави Стерлинг.

Стерлинг и неговиот Манчестер Сити имаат добра прилика да поминат во четвртфиналето од ЛШ еднаш кога сезоната ќе продолжи, баш како и Барселона. Поради тоа се уште постои шанса Стерлинг да го замени својот дрес со Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…