Дома Фудбал Статистиката покажува дека Тер Штеген брани во животна форма

Статистиката покажува дека Тер Штеген брани во животна форма

Фудбалерите на Барселона одлично ја започнаа новата сезона и во досегашниот дел од сезоната не запишаа ниту еден пораз.

Еден од најзаслужните за тоа е голманот на каталонскиот клуб, Марк-Андре Тер Штеген кој брани во феноменална форма. Германскиот голман во досегашниот дел од Ла Лига прими само четири гола во 12 одиграни кола и со своите одбрани ги воодушеви навивачите на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 25-годишен голман на „Камп Ноу“ пристигна пред три години, но минатата сезона избори место во првиот состав кога Клаудио Браво се пресели во Манчестер Сити. Со своите фантастични одбрани покажа дека станува збор за одличен голман.

Дека се наоѓа во одлична форма најдобро покажува и статистиката. Имено, во официјалните натпревари во рамките на голот на Тер Штеген имаше 39 удари, а германскиот голман успеа да одбрани дури 34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…