Дома Фудбал Статистиката открива: Барса ја има најлошата одбрана во последните 23 години!

Статистиката открива: Барса ја има најлошата одбрана во последните 23 години!

Барселона прими барем еден гол во првите шест кола од Примера, податок кој е загрижувачки за Каталонците.

Во шестото коло Барселона на „Камп Ноу“ водеше со 2-0 со головите на Антоан Гризман и Артур, но при крајот на првото полувреме Виљареал преку Санти Казорла ги постави конечните 1-2.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гол-разликата на Барселона во моментов е 14-10. Најмалку десет гола во првите шест кола во шампионатот Каталонците немаат примено уште од сезоната 1995/96.

Ваква ранлива одбрана Барселона немала во последните 23 години, па Валверде сигурно ќе мора многу да поработи на дефанзивната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…