Дома Останати Кошарка Стартува 75. сезона во НБА – уште вечерва не чекаат два супер меча!

Стартува 75. сезона во НБА – уште вечерва не чекаат два супер меча!

Вечерва во раните утрински часови по наше време стартува 75. сезона во НБА лигата!

Фановите сигурно со нетрпение го чекаат стартот на најсилната кошаркарска лига, а на самиот почеток не чекаат два супер меча Милвоки – Бруклин и ЛА Лејкерс – Голден Стејт Вориорс. Ќе потсетиме во минатата сезона Милвоки Бакс предводени од Јанис Антетокумпо стигнаа до шампиоснкииот прстен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сезоната ќе биде отворена со натпреварот помеѓу Милвоки и Бруклин (01:30), тоа ќе биде натпревар меѓу актуелниот шампион и најсериозниот ривал на Истокот.

Вториот натпревар кој е закажан за во 04:00 по наше време привлекува и повеќе внимание. Причината е дуелот на Леброн Џејмс против Стеф Кари. Леброн ќе се обиде сезонава да стигне до својот петти прстен во кариерата. Лејкерси оваа сеозна имаа засилен и искусен тим. Голден Стејт не се тимот од пред неколку сезони кога доминираа во НБА, меѓутоа сигурно дека Кари има мотив да си го врати својот примат.

Не е лесно да се прогнозираат фаворити за шампионскиот прстен, Лејкерси секако кога го имаат Леброн и уште неколку големи имиња, иако некои ќе кажат „старци“ први паѓаат на памет, но останува да видиме што ќе донесе новата, 75. сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…