Четворица првопласирани од минатата сезона се надвор од конкуренција…
По се изгледа дека оваа година ќе немаме големи дилеми кога во прашање е „Златната топка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Лионел Меси практично веќе освои титула во Шпанија, прв стрелец е во лигата со 33 гола и во Лигата на шампионите постигна 10.
На лето се игра Копа Америка, нема друго натпреварувањње. Барселона остана во игра за тројна круна и доколку Каталонците стигнат до таков успех тоа ќе биде трета во кариерата на Меси.
Кој може да му застане на патот на Аргентинецот?
Евентуално Салах, ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите. Сепак, ниту во тој случај не е сигурно затоа што Салах оваа сезона не е на нивото од минатаа година. Кога во прашање е Манчестер Сити, Де Брујн е долго повреден, во предвид доаѓа само Агуеро, но бројките на Меси се многу подобри.
Интересно е што Модриќ, Мбапе, Кристиано и Гризман кои беа на првите четири места за изминатата година сега немаат никакви шанси.
Евентуално во случај Бразил на домашен терен да ја освои Копа Америка, а со титулата во прв план да се истакне Фирмино (и да ја освои Лигата шампионите). Но и такво нешто изгледа нереално затоа што Фирмино не е играч кој има преголемо влијание во играта на Бразил, пред него има други играчи.
Нејмар? Пропушти долг дел од сезоната, потребно е нешто премногу специјално (дури и ова е мал збор) да направи на Копа Америка, Лигата на шампионите сигурно дека повеќе се вреднува.
Значи, Меси е на добар пат да ја освои шестата „Златна топка“, а така би имал една повеќе од Роналдо.