Дома Топ вести Станува сериозно: Детали од преговорите помеѓу Милан и Ибрахимовиќ!

Станува сериозно: Детали од преговорите помеѓу Милан и Ибрахимовиќ!

ibrahimovic

Италијанските медиуми откриваат детали и работата изгледа станува сериозна.

Во сите италијански медиуми може да се пронајдат информации за преговорите помеѓу Милан и Ибрахимовиќ. Швеѓанецот би требало да пристигне во таборот на „росонерите“ веќе во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Милан на Златан му понудил договор на шест месеци со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона, додека Ибра сака да година ипол без услови.
Засега се тврди дека само тоа е „кочницата“, но очекувањата се да биде надмината.

Платата на Ибрахимовиќ би изнесувала околу 1.5 милион евра годишно, а сумата би можела да се зголеми со одредени бонуси.

Како и да е изгледа станува се појасно дека Ибрахимовиќ сака да се врати во Милан и „росонерите“ се спремни тоа да му го овозможат. Искусниот голгетер дресот на италијанскиот гигант го носеше од 2010 до 2012 година и во тој период постигна 56 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…