Легендарниот српски фудбалер кој се прослави во дресот на Интер, Дејан Станковиќ денес го прослави својот 40-ти роденден, а Интер не го заборави својот поранешен фудбалер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станковиќ најголемиот успех во својата кариера го направи со Интер, клуб со кој во сезоната 2009/2010 заедно со македонската фудбалска икона, Горан Пандев освоија „триплета“ (Серија А, Куп на Италија и Лига на шампиони).
Денес кога Станковиќ го слави својот 40-ти роднеден Интер не го заборави и роденденот му го честиташе со сигурно еден од најубавите голови кои некогаш биле постигнати во Лигата на шампионите.
Станува збор за голот против Шалке кој Србинот го постигна на 5-ти април во 2011 година.
La fiammata del Drago! ?
Buon compleanno Deki ??? #InterForever pic.twitter.com/EozpoYUjiQ
— Inter (@Inter) September 11, 2018