ДРАГАН СТОЈКОВИЌ ПИКСИ е пред отказ од селекторската функција на Србија откако не успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство, пишуваат српските медиуми. Србија заврши на последното место во својата група со два бода, зад Англија, Данска и Словенија.
Српски Курир пишува дека челниците на српскиот фудбал решиле да го заменат Пикси со странец, од Германија или Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јоаким Лев (64), поранешен долгогодишен селектор на Германија и победник на Светското првенство во Бразил во 2014 година, е нивниот прв избор.
Лев наводно бил контактиран од српската федерација уште пролетта, кога со Стојковиќ преговарале за продолжување на договорот. Курир тврди дека тогаш Лев веќе бил заинтересиран, но Пикси на крајот останал селектор.
Лев ја презеде Германија по Светското првенство во 2006 година и ја напушти по Европското првенство во 2021 година. Тоа беше и негова последна тренерска работа. Покрај светското злато, тој пред четири години освои и бронза со Германија, додека во 2008 година играше во финалето на ЕП.