Дома Фудбал Останато Србија – Р.Ирска: Пикси има противник по мерка за добар старт

Србија – Р.Ирска: Пикси има противник по мерка за добар старт

Познатите фудбалски непријатели Србија и Република Ирска се соочуваат на стадионот „Рајко Митич“ во Белград на стартот од квалификациите за пласман на Светското Првенство во Катар.

Двете земји беа во иста група во претходната квалификациска кампања за Светското првенство кога и двете селекции беа задоволни, Србија завршивајќи на првото а Република Ирска на второто место на табелата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Србија славеше во Даблин пред четири години, а во Белград беше нерешено, па токму меѓусебниот меч беше клучен за Србија да обезбеди директен пласман на Светското Првенство. Ирците беа задоволни и со второто место, но на нивно големо разочарување изгубија во плејофот од Данска.

Катастрофалната серија Ирска трае и трае

Ирците се трети носители овојпат, зад Србија и фаворитот во групата Португалија, па на Стивен Кени ќе му биде крајно тешко да се пласира во Катар во 2022 година.

Досегашниот скор на Кени е катастрофален и според многумина е вистинско чудо што селекторот не беше сменет пред овие квалификации. Ирска не успеа да победи на ниту еден од осумте натпревари под негово водство, откако тој го презеде раководството и го наследи Мик Мекарти.

Таа серија без победи на Ирска вклучува уште еден пораз во минатите квалификации. Вкупно значи девет меча без победа илицела 2020 година.

Нивото на очекување не е високо на почетокот на оваа кампања, затоа што Ирска бара прва победа од ноември 2019 година.

Ирска со огромни проблеми

Селекторот Стивен Кени објави список на играчи на кои не беа пет стандардни репрезентативци, меѓутоа бројката подоцна се искачи на девет играчи кои неможат да помогнат. Првично отпаднаа голманот Дарен Рендолф (Вест Хем), стоперот Џон Иган (Шефилд Јунајтед), играчите за врска Џејмс Мекарти (Кристал Палас) и Џек Бирн (АПОЕЛ) како и младиот напаѓач Адам Ејде (Норич). На нив им се приклучија уште играчите за врска Конор Хурикејн (Свонси) и Калум О’Дауда (Бристол), како и стоперот Кевин Лонг (Барнли) и голманот на Ливерпул Кувин Келехер.

Пикси стартува победнички

Србија не е во многу подобра форма од ирците, но на последниот меч што не беше од пријателски карактер ја декласираа Русија со неверојатни 5:0. Замислете, после таа импресивна победа одиграа два нерешни меча со Панама и Доминиканска Република, иако со видно изменет состав.

„Орлите“ завршија на третото место во својата група во Лигата на нациите и загубија од Шкотска во баражот за пласман на Евро 2020, со што 2020 година за нив е година за заборавање.

Овој пат, сместени во поволна група, новиот шеф Драган Стојковиќ – официјално назначен токму овој месец – е сигурен дека ќе оди во Катар. Мислам дека Пикси ќе знае како да ги мотивира своите фудбалери и како да ги искористи проблемите кај ирците за да дојде до старнта победа на домашен терен.

Наш предлог:

Победа на Србија @ 1.70 во 1xBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим си замина, а на Спортинг му се случи – катастрофа!

Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим. “…