Oдлични вести пристигнуваат за соседна Србија – оваа земја е многу блиску да дојде до директно место во групната фаза од Лигата на шампионите за шампионот во сезоната.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На чекор до место кое води во групната фаза во најелитното Европско натпреварување Србија дојде благодарение на Црвена Звезда и Партизан и нивните успеси во Европа. Последна беше победата на Партизан против Спарта Прага во 1/16 финалето од новата Конференциска лига.




Во овој момент Србија има рејтинг од 32.375 и дојде до 11. место на УЕФА листата со 0.676 поени повеќе од Украина која веќе нема учесници во европските натпревари, па затоа Србите не се загрозени. Единствен ривал им е Белгија која го има Гент, меѓутоа Белгијците заостануваат 1.775 рејтинг поени.




Математиката вели дека Гент треба да стигне до финалето во Конференциската лига, а Ц.Звезда и Партизан да бидат елиминирани во фазата во која се сега за Србија да го изгуби директното место во ЛШ. Такво нешто во овој момент не изгледа толку реално.




Меѓутоа не е само директниот пласман во ЛШ. Ако Србија дојде до овој успех до кој е и тоа како блиску тогаш: Вториот на табелата ќе игра квалификации за ЛШ, третиот добива место во плеј-офот за Лига Европа што значи најмалку групна фаза во Конференциската лига. Четвртиот и куп победникот или петтопласираниот би играле квалификации за третото по ранг натпреварување.