Дома Останати Кошарка НБА Србите се налутија на Американците: Повторно не го сметаат Јокиќ за најдобар во НБА

Србите се налутија на Американците: Повторно не го сметаат Јокиќ за најдобар во НБА

Според листата на американската новинска куќа „ЕСПН“, Никола Јокиќ не е најдобриот играч во НБА лигата во овој момент, а тоа ги налути српските медиуми.

За Американците во овој момент најдобар играч во НБА лигата е кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумпо, додека на третата позиција е Џоел Ембид од Филаделфија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ минатата сезона ја освои титулата со Денвер и беше прогласен за МВП во финалето, но очигледно тоа не беше доволно за Американците да го претстават како најдобар играч во лигата.

„ЕСПН“ во објавениот текст потсети дека Јокиќ одмарал во текот на летото и дека повремено на социјалните мрежи се појавувале снимки од начинот на кој се забавувал. Минатата сезона Јокиќ ја заврши со просек од 30 поени. 13.5 скокови и 9.5 асистенции по натпревар, а се очекува и во новата да биде на завидно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…