Дома Македонски спорт Србите воодушевени од Вардар: Ова е победа на спортот над парите!

Србите воодушевени од Вардар: Ова е победа на спортот над парите!

Во регионот на големо се слави успехот на Вардар!

Еден ден после финалето во Лигата на шампионите, спорт во кој играчите заработуваат вртоглави сум љубителите на спортот имаа прилика да погледнат како изгледа борбата за рвропската титула во спортот кој навистина се игра со срце. На ракометниот престол на Европа од вчера седи Вардар екипа во коај играчите со месеци не добиваат плата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Откако рускиот милионер Сергеј Самсонеко во април најави повлекување од ракометниот клуб поради финансиски проблеми, јавноста на македонскиот тим му претскажа пропаст.

Лошата ситуација ги инспирираше играчите заедно со темпераментниот Шпанец на чело на тимот и му покажаа на светот дека се прерано отпишани. Не дозволија потешкотиите кои ги имаа да им се одразат на теренот.

Вардар оваа сезона го освои домашниот шампионат, регионалната СЕХА лига и за крај титулата на стариот континент. Единствено што им „избега“ е Купот на Македонија кој после подоброто изведување на пенали го доби Металург.

Инатот и цврстиот карактер кои го красеа тимот во текот на целата сезона дојдоа до израз во полуфиналето против Барселона. Шпанскиот тим водеше со седум разлика на полувремето и на 15 минути пред крајот изгледаше дека ќе се бори во финалето за десетата титула. Тогаш ги удри македонскиот „брз воз“ предводен од Даинис Криштопанс. Летонскиот „џин3 постигна 10 голови од кои четири во минутите кога Вардар ја стигнуваше недостижната предност.
Српскиот голман Дејан Милосваљев забележа 15 интервенции и покажа поради што е прогласен за најдобар голман во ЛШ.

Веќе со самиот пласман Вардар направи доволно за ракометот, но не застанаа.

Унгарскиот шампион Веспрем четврти пат се пласираше во финалето и многумина сметаа дека е крајно време да го освојат Келн.
Вардар им ги расипа плановите и ја испиша својата бајка.

Натпреварот беше достоен на вистинско финале, полно со неизвесност и добри потези. Вардар водеше на полувреме со 16:11, а Веспрем успеа да стигне до 17:16. Но, Вардар издржа и стигна до европскиот трон.

Така една приказна за триумфот на спортот над парите го доби својот епилог. Истрајноста на овие момци треба да послужи како пример на сите, не само на спортистите. Не се откажувај кога е најтешко! Поради тоа ги оставија најбогатите тимови на денешницата зад себе.

Тие испишаа историја, а другите нека се обидат да ги стигнат, стои во текстот на српскиот „РТС“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…