Предводниците на Фудбалската федерација на Косово се пофалија дека го добиле првиот играч кој ќе игра за нивната репрезентација.
17 годишниот Илија Ивиќ од Грачица е првиот Србин кој ќе заигра за репрезентација на Косово. Ивиќ се очекува да заигра за младинската селекција. Тој е играч на Фљамуртари и неодамна стави потпис на првиот професионален договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Среќен сум што ќе играм и тренирам со сениорите на Фљамуртари, а и повикот во репрезентацијата за Косово ми значи. Тоа е доказ дека добро работам“, изјави Ивиќ.
Неговото прифаќање на повикот од репрезентацијата на Косово сигурно ќе предизвика негативни реакции во српската јавност.