Дома Фудбал Србинот од Фиорентина вчера играше без број на дресот, а причината е бизарна

Србинот од Фиорентина вчера играше без број на дресот, а причината е бизарна

После олго време официјален натпревар во Серија А вчера одигра и екипата на Фиорентина, противник на „виолетовите“ им беше Бреша и таа средба заврши 1:1.

Во овој натпревар српскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол на почетокот на вториот дел, но истиот му беше поништен. Меѓутоа тој се најде во медиумите поради нешто друго.

Влаховиќ неколку минути играше без број на дресот и тоа не беше по негова вина, туку поради економот на клубот од Фиренца.

Талентираниот напаѓач после еден дуел мораше да го промени дресот, но бидејќи на клупата немаше резервен дрес со бројот 28 мораше да облече дрес без број со кој го доигра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер погоди, Херера најдобар на теренот во европската вечер

Елмин Растодер се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Панатинаикос, а Себастијан…