Во четврток Македонија ќе игра против Косово на Националната Арена „Тодор Проески“ и ова е еден од најважните натпревари во историјата на македонскиот фудбал.
Како што е познато Македонија со евентуална победа ќе оди во финалето на плеј-офот каде што против Белорусија или Грузија ќе игра за пласман на ЕП.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И за репрезентативецот Стефан Спировски ова ќе биде еден од најважните натпревари во кариерата.
„За мене ова е еден од најважните натпревари во кариерата. Сите знаеме што значи националниот дрес и сите знаеме дека во игра е пласман на Европско првенство. Играме без публика, но ако сега направиме добар резултат мислам дека Континенталниот шампионат ќе ни биде на дофат. Верувам дека сме поквалитетен тим и домашниот терен за нас е многу важен фактор. Мораме да дадеме се од себе и тоа воопшто не треба да се споменува“
„Сите знаеме што за нас значи Горан Пандев. Тој е нашиот лидер, капитен, најдобар играч за него може да се зборува само во суперлативи. Ќе ни значи многу и треба максимално да го искористиме. Ни останува да го дочекаме тој 8. октомври и 20:45 часот и да покажеме зошто сме фаворити на хартија“, изјави Спировски.