Дома Македонски спорт Спектакуларно отварање на ЗОИ: Дехари го развеа македонското знаме

Спектакуларно отварање на ЗОИ: Дехари го развеа македонското знаме

На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг во 13 часот по средноевропско време започна спекатакуларната цереминија на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри, која ќе биде панда, популарната мечка чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Македонскиот скијач, Дардан Дехари продефилира со македонското знаме на свеченото отворање на Зимските олимписки игри.

Во Пекинг, Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти, Ставре Јада и Ана Цветановска не беа дел од свечената церемонија бидејќи се во изолација поради контакт со позитивен на Ковид.

Дардан Дехари ќе настапи на трките во слалом и велеслалом (13 и 16 февруари), Ана Цветановска во крос кантри ќе настапи во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (5 и 10 Февруари), Ставре Јада исто така во крос кантри и тоа во дисциплините Спринт слободно 1,5 км и на трката 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…