Се погласни се шпекулациите дека Гонзало Игуаин ова лето ќе го напушти Јувентус, а сега медиумите пренесуваат дека може да дојде до голема трампа помеѓу Челзи и „старата дама“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Не е тајна дека „бјанконерите“ сакаат да го вратат во своите редови Алваро Мората, кој минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 65 милиони евра.
Шпанецот не се снајде баш најдобро во Премиер лигата и сака да се врати во Италија, па Јувентус во него гледа идеален наследник за Игуаин.
Италијанските медиуми тврдат дека и Челзи е заинтересиран за ваква трампа и дека двата клуба наскоро би требало да седнат на преговарачка маса.
Игуаин минатата сезона постигна 23 гола и осум асистенции на 50 натпревари, додека Мората постигна само 15 гола со шест асистенции на 48 меча.