Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер на свој паркет ја победија Минесота со 142:125, а уште еден натпревар за паметење одигра Ентони Дејвис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минесота пружи добар отпор на Лејкерси, но на крајот немаа сили да направат изненадување, Лејкерси така стигнаа до нов триумф и сега имаат скор до 21-3, додека за Минесота ова беше 12. пораз (10 победи).
Во првото полувреме Лејкерси успеаа да дојдат предност, но гостите одржуваа пристијна разлика. После првата чтвртина Лејкерси водеа со 39:31, додека на пауза се замина со резултат 73:65 за домаќините.
Во продолжение Лејкерси ја чуваа предноста ,а кошаркерите на Минесота во последната четвртина се поморија со поразот. На крајот Лејкерси славеа со 142:125.
Фантастичен беше Ентони Дејвис кој постигна 50 поени и додаде уште седум скокови и шест асистенции. Леброн натпреварот го заврши со 32 поени, 13 асистенции четири скока.
Кај Минесота најефикасен беше Карл-Ентони Таунс и Ендрју Вигинс кои уфрлија по 19 поени.
Далас беше поразен дома против Сакраменто, а уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ, додека на спротивната страна победничкиот тим го предводеше Србинот Бјелица. Бјелица во победата од 106:110 уфрли 30 поени и запиша 7 скокови и 4 асистенции со што беше најефикасен на натпреварот. Дончиќ кај Далас оствари учинок од 29 поени, 7 скока и 8 асистенции. Богдановиќ беше скромен со 10 поени и по 3 асистенции и скокови.
НБА резултати:
Мајами – Чикаго 110:105
Филаделфија – Торонто 110:104
Вашингтон – Клиперси 119:135
Далас – Саркаменто 106:110
Портланд – Оклахома
Лејкерси – Минесотас 142:125