Дома Фудбал Италија Спектакл на Сан Сиро: Пирло спрема проштален натпревар!

Спектакл на Сан Сиро: Пирло спрема проштален натпревар!

Легендата на италијанскиот фудбал и светски шампион со Италија од 2006 година, Андреа Пирло објави дека ќе прави проштален натпревар на 21-ви мај на „Сан Сиро“ во Милано.

Пирло преку официјајално соопштение ги покани сите свои бивши соиграчи и пријатели да земат учество во натпреварот кој ќе биде од хуманитарен карактер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е шанса да споделам една специјална вечер со тоа што го сакам најмногу. Мечот ќе се игра на 21 мај на Сан Сиро, каде го поминав најголемиот дел од кариерата“, вели Пирло во соопштението.

Пирло професионалната кариера ја започна во Бреша во 1996 година, а потоа се сели во Интер (1998-2001). Потоа помина десет години во Милан каде ги оствари и најголемите успеси.

Последните четири години во Италија ги помина во Јувентус, а кариерата ја заврши во Њујорк Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…