Новата НБА сезона започна изминатата вечер, а победи во првите натпревари остварија Лос Анџелес Клиперс и Торонто Рапторс.
Актуелниот шампион Торонто Рапторс после продолженија на свој паркет го совлада Њу Орлеанс со резултат 130:122.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ја имаа Пеликанс ппобедата во рацете. Меѓутоа изгубија топка во клучен момент, Ловри го однесе мечот во продолжение каде што Раптости беа подобри и победија во овој натпревар.
Иако поради шест лични грешки Паскал Сиакам не играше во продолженијата Паскал Сиакам беше чудесен и уфрли 34 поени со 18 скокови за 18 минути игра, Фред Ван Влет уфрли ист број поени, Кајл Ловри додаде 22.
На другата страна Брендон Играм уфрли 22, а Редик додаде 16.
После долго време двата тима од Лос Анџелес во сезоната влегуваат како едни од фаворитите за титулата.
Првиот натпревар помеѓу Клиперси и Лејкерси доднесе победа на Клиперси кои беа предводени од Каваи Леонард. Клиперси славеа со резултат 112:102.
Во овој натпревар видовме навистина спектакуларна кошарка. Лејкерси на отварањето имаа плус 11, водеа до средината на втората кога Клиперси направија пресврт и на полувреме заминаа со плус осум (62:54).
На Клиперси ниту плус 14 не им беа доволни да го одведат натпреварот во мирна завршница. Лејкерси се вратија, но застанаа во клучните моменти, а тоа го искористи Леонард.
Леонард натпреварот го заврши со 30 поени, Лу Вилијамс додаде 21, додека на другата страна најефикасен беа Дени Грин со 28 поени. Ентони Дејвис уфрли 25 поени и имаше 10 скокови, додека Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 18 поени, девет скокови и осум асистенции.