Дома Фудбал Италија Спалети по поразот: Најлесно е да ги обвиниме Перишиќ и Икарди

Спалети по поразот: Најлесно е да ги обвиниме Перишиќ и Икарди

Интер и во петтиот натпревар во серијата остана без победа.

И додека ремито во Торино против Јувентус може да се смета како добар резултат, пласманот во четвертфиналето против Порденоне после пенал серијата, разочарувањата во првенството против Удинезе и Сасуоло, секако не може да се сметаат за добри резултати.

„Нероаѕурите“ во вчерашниот натпревар запишаа пораз од Милан после продолженија со резултат 1:0.

„Ја изгубивме самодовербата, едноставно повеќе не веруваме во нашите квалитети. Тоа може да се забележи кога ги промашуваме добрите прилики за погодокот. Едноставно мораме да ја кренеме главата и да продолжиме напред. Најлесно е да ги обвиними Перишиќ и Икарди, но погледнете ја комплетната слика. Целиот тим не е на потребното ниво, како што кажавме најлесно е да ги обвините нив двајца“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…