Дома Македонски спорт Спалети по новиот гол на Елмас: Некогаш жал ми е што не е стартер…

Спалети по новиот гол на Елмас: Некогаш жал ми е што не е стартер…

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас постигна нов за Наполи во вчерашната победа на Наполи против Кремонезе од 3:0.

Елмас ја потврди победата на Наполи со третиот гол на средбата кој беше негов шести сезонава. По натпреварот тренерот Лучијано Спалети испрати големи пофалби за Елмас зборувајќи дека понекогаш и му е жал што Елиф не е стартер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Многу пати досега кажав дека Елмас секогаш кога игра е импресивен. Кога е на теренот секогаш го дава максимумот и покажува дека заслужува да биде на теренот, некогаш жалам што не е стартер. Постојано дава голем придонес во победите и е среќен што може да помогне“, изјави Спалети.

Со шест постигнати гола Елмас е трет стрелец на Наполи сезонава повеќе од него имаат само Виктор Осимен со 17 и Квича Кварцацхелија со девет. Наполи сезонава вкупно 54 гола, а дури 17 биле дело на резервистите што покажува колку овој тим е комплетен и многу веројатно на крајот ќе стигне до Скудетото во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…