Дома Фудбал Италија Спалети: Перишиќ е нашиот Роналдо!

Спалети: Перишиќ е нашиот Роналдо!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети ја имаше првата пресконференција за новата сезона пред утрешниот контролен натпревар на „нероаѕурите“ против Лугано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спалети е задоволен од трансферите и го постави Интер меѓу фаворитите за освојување на Скудетото.

„Клубот работи многу добро и ќе направиме тим од 20 силни фудбалери на кои ќе можиме да сметаме во сите натпреварувања. Перишиќ е нашиот Кристиано Роналдо бидејќи е многу силен физички, има одлична техника и постигнува голови“, изјави Спалети.

„Многу сум задоволен од новите засилувања. Нашата одбрана сега е многу силна, а Лаутаро Мартинез и Политано значително ќе го подобрат нашиот напад. Наинголан е играч кој ќе ни носи баланс на средината на теренот и нема да кријам дека во моментов Интер е меѓу фаворитите за Скудетото заедно со Јувентус и Наполи“, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Паника во Аргентина: Дали Меси го одигра последниот натпревар за репрезентацијата (Видео0

Спортската јавност во Аргентина, особено оние љубители на фудбалот, овие денови имаат само…