Многу сакаа, многу започнаа…На крајот следуваше дебакл.
На стартот на зимскиот преоден рок со Интер се поврзуваа голем број имиња, амбициите како и желбата на навивачите за засилувања беа огромна, но…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од сите потенцијални засилувања ова лето „нероаурите“ успеаа да ги доведат само Лисандро Лопез и Рафиња. Нема плејмејкер, нема штопер, нема замена за Икарди, ниту пак адекватни засилувања на крилните позиции…
Ваквата ситуација доведе до голем бес кај навивачите на италијанскиот клуб! Во последниот ден од трансфер периодот пропаднаа преговорите со Хавиер Пасторе, тоа придонесе за фановите на овој клуб преку друштвените мрежи да упатуваат навреди кон првиот човек на клубот Жанг Жиндонг, неговиот син и комплетното раководство, токму тоа е една од ударните вести ова утро во Италија.
Од друга страна сопствениците на Интер во текот на целиот преоден рок се кријат зад новиот закон на кинеската влада според во Кина се воведуваат огромни даноци на луксус и такси за инвестирање надвор од државата.
Сега помина и последниот воз управата го остави Лучијано Спалети на цедило, а сите напори на директорскиот тандем Аузило – Сабатини да се обезбеди конкурентен тим за продолжение од сезоната останаа само желба.
Пасторе пропадна, со Стефан Де Фрај долго време се обидуваа, но и таа зделка падна во вода. Со Рамиреш се случи истото што и Делофеу. На крајот и со Хоакин Кореа од Севиља, тоа беа фудбалерите кои важеа за главни мети оваа зима.
Но, не треба да се заборави и дека Интер покажуваше интерес уште за: Мапу Јанг Мбива, Роландо, Алсандро Бастони, Алекс Тешеира, Станислас Лоботка, Даниел Стариџ, Дави Класен, Годфрид Донсу, Матео Политано, Михтаријан, Ламела…