Тренерот на Интер, Луциано Спалети тврди дека Мауро Икарди е најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал.
Иако во кариерата ги тренираше напаѓачите како Франческо Тоти, Виченцо Монтела, Един Џеко, Спалети тврди дека Икарди е најдобриот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За него има комплименти кој не се среќаваат често во светот на фудбалот.
„Икарди е врвен играч, врвен финишер. Знае каде треба да биде, знае да даде гол. Точно знае каде ќе дојде топката. Тој е најдобриот кој сум го тренирал. Тој е убиствен.“ – изјави Спалети.
Аргентинскиот напаѓач оваа сезона одигра 32 натпревари во Серија А и постигна 28 погодоци.