Наполи вчера беше поразен од Емполи на домашен терен и така заостана во борбата за врвот во Серија А.
Освен тоа тренерот Лучијано Спалети остана и без Елиф Елмас кој заработи повреда. Македонскиот репрезентативец беше заменет во 85. минута после еден контакт во противничкиот шеснаесетник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сакам да зборувам за судењето, посебно не за ситуацијата со Елмас, еднаш веќе сум казнет. Имаше контакт, но тука ќе застанам, сакам да зборувам за самата игра“, изјави Спалети.
Следниот викенд Наполи го чека тежок натпревар на гости против Милан.